Со нашиот веб огласник Вие можете да објавувате дисконт купони, а Вашите клиенти да ги превземаат и испечатат со цел вие подоцна истите да можете да ги верификувате онлајн на нашиот портал.
Објавувањето на купоните се наплаќа како регуларен оглас, а во рамки на една објава може да се објават одреден број на купони. Дисконт купоните се преземаат од страна на клиентите за одреден минимален паричен надоместок што дава поголема гаранција дека истите тие ќе го искористат купонот кај вас.
При печатењето купонот се превзема со баркод со цел вие да можете подоцна полесно да го верификувате купонот со помош на баркод скенер.
Целта на дисконт купоните е вие да овозможите попуст на вашите производи или услуги на одреден број на лица, односно за даден производ да создадете поголем интерес за продажба.
Купонот мора да содржи основни податоци како што се регуларна цена, дисконт цена, период кога купонот може да се искористи и име на тој што го превзел самиот купон.
Доколку поради одредени околности/грешки кај трговецот кој што го објавил купонот корисникот на таквиот купон е спречен да го искористи, трговецот/лицето-објавувач на купонот е должно да ги надомести сите трошоци на корисникот што го презел купонот и не го искористил.